Додека трае првенството во ракомет, на кое македонските ракометари се најдоа во средиштето на јавни препирки околку тоа дали да се пее “Бисер Балкански” во соблекувалната и дали поради тоа да се суспензираат некои ракометари, а сервисот на албански јазик на МТВ го навредува Столе Стоилов, Симон Трпчески од Њјујорк со свој став за Лазаров, Ристовски, Стоилов и другите.
Маестро Трпчевски е на светска турнеја за проектот “Македонисимо” и излезе со директна поддршка за националниот тим кој се бори за подобар пласман на светското првенство и за настап на олимпијада.
-Пред престојниот настап во Чикаго за поддршка на македонскиот ракометен тим на светското првенство во ракомет 2019, напиша Трпчевски на социјалните мрежи.
Иако е сосема нормално секој граѓанин да ја поддржи својата репрезентација не се исклучува и Трпчевски да биде вербално нападнат од приврзаници на власта и граѓани Албанци за поддршката на ракометарите особено за Столе Стоилов.
Трпчевски споделува текст на американски медиум насловен “Трпчевски го вее знамето за поддршка на неговата татковина, Македонија”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.