Надлежните државни институции, локалните власти и институтот за старословенска култура веруваат дека преку повеќе проекти Маркови Кули како посебен и редок споменик на културата и природата од привремената за две години ќе се најде на постојаната листа на УНЕСКО.

Како целина ова природно богатство се простира од родното Небрегово на Блаже Конески преку манастирот на Трескавец, Марковите кули и населбата Варош до вештачкото езеро. Во овој комплекс стар над 5 милиони години има и 12 споменици на културата изградени од 11 до 19 век.

Европската унија издвои 100.000 евра за првата фаза од уредувањето на овој простор како предуслов за влез во заштитено подрачје на УНЕСКО, објави Канал 5.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.