„Shortcutz Amsterdam International Audience Award“ на 13 јануари ќе се одржи во Јавна соба со почеток во 20 часот. Истовремено настанот се случува во 28 градови низ светот, каде присутните имаат можност да гледаат седум кратки холандски филмови и да гласаат за својот омилен.

„‘Shortcutz Amsterdam’ e многу повеќе од филмски фестивал, многу повеќе од филмска платформа и многу повеќе од само простор за вмрежување и дружење“, велат од „Јавна соба“.

Според организаторите, се работи за единствената иницијатива во Холандија која се фокусира на промоција на холандските филмски таленти и ги повзрзува новите режисери и продуценти со веќе етаблираните професионалци.

Нивните филмови ги промовира заедно со повеќе од 30 партнери на различни локации низ светот.

Се прикажуваат филмови на млади таленти од Холандија, а професионалци од областа на филмот ги раскажуваат своите приказни и видувања. На тој начин младите продуценти и режисери ја промовираат својата работа, разговараат со својата публика и со професионалци, се вели во најавата на настанот.

Од друга страна, љубителите на филмот имаат можност да гледаат нови филмови, да дознаат повеќе за новите таленти и да запознаат некој од своите омилени режисери



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.