Издавачката куќа „Шкупи“ по втор пат јавно побара подршка од надлежните за објавување на 8 преводни дела и за учество на светски саеми на книги, откако беше одбиена на конкурсот на Министерството за култура. А меѓу театарџиите расте свеста дека досегашниот модел на финансирање на институциите е неодржлив и за таа цел ќе прават истражување.
Подршка за 8 преводи од проектот „Наградена светска литература“ и сретства за учество на престижните саеми на книга во Франкфурт, Истамбул, Софија и Тирана, по втор пат побараа од издавачката куќа „Шкупи“, откако како одбиени на конкурсот за издавачка дејност на Министерството за култура, веќе еднаш јавно се обратија. Тие очекуваат министерката за култура Стефоска, премиерот Заев и вицепремиерот Груби да ја исправат грешката.
Не бараме фаворизирање, но исто така не дозволуваме омаловажување за нашата литературна и културан активност. Напротив, бараме од нашите институции да бидат професионално свесни и да ја признаат својата грешка. И овие проекти на соодветен и транспарентен начин да бидат прифатени – Азам Даути- издавачка куќа „ Шкупи“.
По реакциите на издавачката куќа „ Шкупи“, дека осум преводни дела од проектот „ Наградена светска литература“, биле одбиени на годишниот конкурс за издавачка дејност на Министерството за култура , од овој ресор одговараат дека не се прифатени преводите зашто пријавените преведувачи не биле компетентни и дека дел од нив не се државјани на нашата земја.
Од пријавите на Годишните конкурси од издавачката куќа „Шкупи“, во одбиените проекти на овој издавач се: четири проекти за превод од шведски на албански јазик кои имаат предвидено како автор на преводот едно исто лице коешто не е државјанин на РСМ, коешто живее во Шведска и нема формални квалификации за компетентност за преведувач. Еден проект за превод од англиски на албански јазик има предвидено како автор на превод лице коешто не е државјанин на РСМ, два проекти за кои Комисијата утврди дека преводот не е направен од јазикот на оригиналот и еден проект за кој немаше ниту биографија, ниту било какви референци или информации за авторот на преводот, велат од Министерството за култура.
На Годишните конкурси, на издавачката куќа „Шкупи“ и се одобрени два проекти за превод од турски и од хрватски на албански јазик, за кои авторите на преводот имаат формални квалификации и референци што сведочат за компетенциите на преведувачите за односните јазици.
А, во однос на одбиените апликации од издавачката куќа „Шкупи“, за учество на меѓународните саеми на книга во Софија, Тирана, Истанбул и во Франкфурт, од министерството со одговор дека се отфрлени поради недостиг на дел од задолжителната документација.
Корисникот нема доставено преписка со организаторите со која се потврдува учеството на саемите и дека истите ќе се реализираат, изјави од учесниците/соработниците во проектот, како и потврда за обезбедени средства од други извори на финансирање, дополнуваат од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.