Вечерва во 19 часот, во Мала станица ќе биде отворена самостојната изложба – шеста по ред, на уметникот Лазе Трипков.
Насловот е „Изолациско расположение – креативни рефлексии“ инспирирани од преизвиците на новото време. Инаку за време на изолација во април 2020, Трипков започна со својот визуелен проект кој привлече внимание и во државата, но и пошироко, а делата беа изложени во неколку држави.
Сите плакати или визуелни размислувања се лична рефлексија и се одраз на лични доживувања. Доминираат пејзажите, можеби поради карантинот, а има многу колажи и колажни експресии кои имаат за цел да го манифестираат ставот на Трипков кон изолацијата и дополнитeлно да помогнат во артикулацијата на неговиот личен развој како визуелен уметник, се вели во најавата за изложбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.