Синоќа во Клуб-ресторанот МКЦ, Раде Шербеџија ја промовираше книгата „По дождот“. Шербеџија пред три години ја објави книгата „После кише“, која во превод на македонски јазик ја издаде „Три“ и во неа ја опишува славата, но и осаменоста низ призмата на релациите меѓу себе и семејството, но и со холивудската немилосрдност.
Во „По дождот“, тој ни нуди токму таков амбиент – сонце што огрева откако сите облаци ќе се расчистат. Главната тема што се провлекува како нишка низ испреплетените парчиња текст е чувството на вечен егзил, патување во кое не постојат
други граници освен реалните… Да се одглуми најтешката улога – помирувањето со себеси, како странец во друга земја. Како култна икона на југословенскиот простор, овој заводлив и контроверзен актер и раскажувач ја создава својата книга на животот со леснотија опишувајќи ја најтивката и најгласна борба на вечното патување, на чувството дека животот се прелева низ границите за кои не постојат пасоши…
Книгата ја промовираше писателот Венко Андоновски.
Секогаш неодреден, секогаш надвор од метежот, а внатре во себеси – Раде не е обичен раскажувач, тој е интимен сопатник низ поглавјата што ги ткае во својата приказна, наведува „Три“ во освртот за книгата.
фото: MKC Club © Anita Palceska
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.