И професорот Димитар Апасиев не можеше да ја премолчи скандалозната годишна програма на Министерството за култура и распределбата на финансии за културните проекти.

Во врска со скандалозната Годишна програма на Министерството за [не]култура, ми текна на една реплика која во 1931 анти-утопистот Евге́ний Замя́тин му ја упати на камарадот Ста́лин:

„Знам дека имам многу незгодна навика да не го кажувам она што е корисно во дадениот момент, туку она што ми се чини вистинито. Оти вистинската Литература може да опстои единствено ако е креирана не од работливите и доверливи СЛУЖБЕНИЧИЊА – туку од лудаци, пустиници, еретици, сонувачи, бунтовници и скептици“ ;), напиша професорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.