Дали ги исполнувам условите за директор ќе одлучува комисија, изјави рок-музичарот Арбен Бени Шаќири во изјава за 1ТВ, коментирајќи го писмото кое група ументици го испратија до премиерот Зоран Заев, а со кое се против неговото назначување за директор за Младинскиот културен центар.
Не е тајна дека сум конкурирал. Тоа е отворен конкурс по кој комисија решава дали некој ги исполнува условите или не. Реакциите не ги коментирам бидејќи и порано, а и кога се борев против груевизмот, јас се залагав за слобода на говор и за слобода на мислење. И сè уште се залагам за тоа и немам коментар на реакциите… дали исполнувам услови, ќе решава комисија, вели Шаќири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.