Во вторник, (11.2.2020) со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи популарната opera buffo, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.

Диригент, Ѓурѓица Дашиќ. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), Асс.режисер Љупка Јакимовска , сценограф  Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Кристијан Колија (Италија), Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Сиљановски, Берта: Злата Тошевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Саша Смилевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.