Краткиот филм „Северен пол“ на македонската режисерка Марија Апчевска – Петровска ја доби наградата „Санта Луциа” за најдобар интернационален краток филм на фестивалот во Богота, Колумбија, информираат од Продукцијата „Кино Око“.
„Северен пол“ се квалификува за „Оскар“ и доби номинација за Европски награди откако на 63. издание на Интернационалниот фестивал на документарен и краток филм ЗИНЕБИ во Билбао, Шпанија ја освои Големата награда. Филмот ја освои и наградата „Златна колица” за најдобар краток филм на „Загреб Филм Фестивал”.
„Северен пол” е во продукција на „Кино Oко”.
Следува прикажувањето на филмот на фестивали во Пекинг, Лондон, Трондхајм и Лес Аркс.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска.
Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм и Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи Продукција од Унгарија.
Светската премиера на „Северен пол“ беше летово, на Канскиот фестивал во киното „Дебиси“. Ова е прв македонски филм воопшто беше во трка за престижната „Златна палма“ и беше избран меѓу десетте селектирани од вкупно 3.739 прегледани краткометражни филмови од страна на комитетот.
Филмот е приказна за 16-годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. Проектот беше еден од двата наградени филмови на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019.
„Северен пол” е финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Македонија и Српскиот филмски центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.