КСП Центар-Јадро вечерва онлајн ја продолжува серијата на презентации на македонски уметници со Нада Прља.

Во текот на последните години бевме сведоци на недостаток на континуитет или структурирана историографија што ја следи и третира македонската визуелна сцена. Многу наши уметници имаат многу богата продукција и под многу тешки услови успеваат да ги изложат своите дела на релевантни изложби дома, во Европа и светот. За жал, поради системското занемарување на институциите и медиумите, нивните дела и успеси не се доволно презентирани пред пошироката јавност. Оттаму, сметавме дека преку овие презентации и разговори во живо со истакнати автори ќе успееме во поголема промоција како и генерациско поврзување што ќе помогне во воспоставувањето на континуитет и интензивирање на дијалогот на локалната уметничка сцена. Во рамките на 10-те предавања/презентации, уметниците ќе направат преглед на своето творештво или ќе претстават избор од своите најрепрезентативни проекти.
Оваа програма ја реализираме преку избор на 10 уметници од различни генерации, кои континуирано се присутни на уметничката сцена и за кои сметаме дека со своите дела, темите кои ги обработуваат, и авторскиот интегритет се релевантни до денес.
Разговорите ќе бидат модерирани од историчарот на уметност и куратор, Владимир Јанчевски, велат од КП Јадро.

Серијата на презентации на македонски уметниција продолжуваме со преглед на творештвото на визуелната уметничка Нада Прља, авторка која има богата и репрезентативна кариера на светската уметничка сцена. Нејзините дела кои се изложувани во земјата и странство во последните две и пол децении, се реализирани во разлини медиуми и на различни теми, но во сите од нив се забележува специфичен авторски печат. Прља која припаѓа на генерацијата автори кои веднаш по дипломирањето суверено се вклучуваат на уметничката сцена кон средината на 1990-те , сериозно се наметнува со својот проблемски и тематски фокус до денес, како една од уметниците кои оставаат свој авторски печат, со вешто конципирани и реализирани дела. Секогаш земаќки го сериозно предвид општествениот контекст и актуелниот момент, со фокус на взаемната релација помеѓу контекстот, делото и публиката, создава можност за нивно поубедливо и поодличноактивитрање, а нивното влијание го прави повидливо и релевантно.
Во својата презентација насловена „Стратегиии на редефинирање, Прља ќе ни презентира еден преглед преку избор од делата создавани во подолг временски период, реализирани во различни медиуми, на различни теми. Презентирајќи ја преку нив и својата методологија, стратегиите кои ги користи и начините на кои ги реализира делата, контекстот во кој се изложувани и презентирани, ќе ни открие и за улогата на уметноста во современоста. Некои од позначајните дела на Прља се: „Ѕидот на мирот“ (Берлинско Биенале, 2012), „Розови соништа, или Љубовта што ме убива“ (Скулптурално, МСУ-Скопје, 2016).
Во разговорот ќе стане збор за некои од претставените проекти, особено за оние покомплексните како Претставувањето на Венециското Биенале со проектот „Субверзија во црвено’, и целата предисторија на проектот, неговиот развој , како и проектот со кој учествува на изложбата „Поголемо од мене“ во MAXXI во Рим, курирана од Зденка Бадовинац. Со цел запознавање на пошироката публика со разновидноста на нејзиниот опус, но и улогата на институционалната мрежа во локалниот контекст, ќе се осврнеме и нејзините самостојни претставувања во МСУ-Скопје, Публикацијата„Should I Stay, orShould I Gо“, како и „Штрајк’ во 2010 и „АдаН во градот на огнот“ во 2019 година.

Нада Прља спаѓа меѓу најрелевантните автори на современата македонска уметност во 21 век,со долгогодишно репрезентативноприсуств на чиишто дела, реализирани во различни медиуми кои опфаќаат интервенции во јавен простор, инсталации, мултидисциплинарни проекти, цртеж, видео и фотографија, претставуваат значаен придонес во обидите за реинтегрирање на уметноста во општествената реалност и разјаснување на улогата на уметноста во современиот контекст. Нада Прља ги преиспитува суштинските прашања за нашиот однос во дефинирањето на јавниот простор, за релациите во општествената сфера, и инкорпорирајќи елементи од уметничкото наследство го предизвикува гледачот да се запраша за улогата на целокупната култура и односот кон колективното сеќавање. Со тоа нејзините дел даваат поттик за похрабро вклучување во обидите преку уметничките форми во проширеното поле да се мисли и да се гради иднината. Ве покануваме заеднички да ја проследиме презентацијата и да се вклучите во разговорот со уметницата.

Нада Прља (Сараево)
Визуелна уметница која е родена во Сараево. Живеела подолг период во Скопје и Лондон, а денес живее и работи на релација Скопје-Копенхаген.
Ипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1997), а магистрирала на Кралскиот колеџ за уметност, Лондон (2002). Има реализирано голем број самостојни изложби, како и учество на значајни меѓународни изложби. Во 2019 година Прља е македонска претставничка на 58. Биенале во Венеција со проектот „Субверзија во црвено“.Има учествувано на меѓународното биенале во Инсбрук (2020), на 5. Московското биенале (2013), 7. Берлинско биенале (2012), манифеста 8 во Мурсија (2010). Во своите дела Нада Прља се занимава со комплексната состојба на нееднаквост и неправда во различни општества. Нејзината главна цел е преку уметноста на најдиректен начин да влијае на општеството: го предизвикува критичкиот дискурс околу тековните политики, национализмот, транзицијата на поранешните социјалистички земји, човековите права, миграцијата и еколошките проблеми.

Владимир Јанчевски(1984, Скопје)
Дипломирал на Институтот за историја на уметноста (Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје), каде што паралелно со постдипломските студии работел како демонстратор по предметите Современа уметност и Современа македонска уметност(2009-2011).
Од 2004 година организирал, курирал и учествувал на многубројни настани, групни изложби, колаборативни проекти, предавања и јавни дискусии во земјата и странство. Бил член на јадрото на уметничката иницијатива „Кооперација“ (2012-2015).
Од 2011 година соработува со Центарот за визуелни студии – Скопје (дел од Европската мрежа за визуелна култура – VCinE) и учествувал на неколку меѓународни конференции.
Автор е на повеќе од 50 текстови за современа уметност и визуелна култура. Се интересира за интердисциплинарни уметнички практики и теорија на сликата, ангажирана уметност и интервенции во јавен простор, иконокластички акти и визуелни конфликти. Во 2019 година добитник е на наградата за развој на ликовната критика „Ладислав Баришиќ“ доделена од Здружението на ликовни критичари АИКА – Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.