На 27 април, на 67 роденден на драматургот Горан Стефановски, на крукчето спроти „Наџак“ ќе се слави животот на великанот на македонското драмско творештво.
Само да ви кажам дека се планира една мала прослава на животот на Горан Стефановски на 27 април (неговиот 67 роденден), сабота, во Дебар Маало (кај крукчето карши Наџак). Прво ќе се сади дрво во малото паркче (ќе има и клупа на која ќе седи негова скулптура, ама тоа подоцна), а потоа ќе има некои кратки читања, проекции на слики и видеа, музика итн. Идејата е да го прославиме неговиот живот и работите што тој ги сакаше, а се разбира и да се видиме и да пијнеме по нешто, објави на Фејсбук неговиот син Игор.
Ќе дадам повеќе информации кога ќе ги имам, на пример околу времето на настанот, ама за сега само сакав да ве замолам да го резервирате денот. Знам дека е Велигден и дека можеби веќе имате планови, така што без притисок, нема љутиш. Настанот ќе биде јавен, но сепак интимен (бар така го замислуваме за сега:))
Исто така, ве молам препратете ја оваа порака на луѓе кои мислите дека би биле заинтересирани да дојдат.
Фала, и се надевам ќе се видиме наскоро, додава Стефановски во пораката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.