„Море од жито“, семејната авантура поставена во волшебните ридови на Тоскана почна да се прикажува во киносалите ширум земјава. Станува збор за филм од новата италијанска продукција (2018). Режијата е на Фабрицио Гвардучи и трае 81 минута.
Прекрасниот пејсаж на Тоскана е идеална позадина за оваа приказна за безвременско пријателство. Филмот раскажува за односот помеѓу три деца: Адам, странец без семејство, Аријана и Мартино, како и Пина, неговата неразделна патка. Преку нивните очи гледачите го гледаат светот на едноставен и во исто време чист начин, полн со предлози и магија.
Осумгодишниот Адам се качува по брда и се спушта по долини во околината на Тоскана, додека не стигне до едно мало гратче во близина на Сиена. Таму ги запознава Аријана и Мартино, кои ќе го придружуваат во неговата авантура и заедно ќе отпатуваат до морето, местото каде што Адам се надева дека ќе ги најде своите родители. Трите деца, заедно со патката Пина, неразделното милениче на Мартино, ќе ги одведат гледачите на едно авантуристичко патување полно со емоции, во кое протагонистите ги преживуваат народните приказни од нивното детство.
Компанијата „КТ Филм и Медиа“ е дистрибутер за Македонија, а дистрибуцијата во земјава е помогната од страна на Националната асоцијација на аудиовизуелни и мултимедијални филмски здруженија АНИКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.