Секој заслужува место под сонцето и на сите нам ни треба многу малку – една прегратка, една насмевка, рече Сребра Ѓорѓијевска, синоќа на отворањето на „И јас сум тука“ – изложба на 20 фотопортрети на лица со интелектуална попреченост, во Кинотека во Скопје.

Ѓорѓијевска е авторка на прикзаните во книгата „И јас сум тука“, а фотопортретите се на Тоше Огњанов. Дел од учесниците во изложбата беа гости на отворањето синоќа во Кинотека. „И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ на театарот „Глада Худик“, поддржан од Шведскиот институт.

Се радувам на сите средби со овие 20 луѓе со попреченост, пред сè со нивните семејства, со поддршката што ни ја дадоа отворајќи ги нивните срца и домови. Се радувам што сум дел од проект кој им дава можност на сте да зборуваат, да бидат слушнати, поздравени. Со Тоше Огњанов поминавме два месеци со приказните на овие луѓе, заедно се смеевме, се гушкавме, заедно плачевме. И научивме многу работи, рече Ѓорѓијевска.

Авторот на фотографиите, Огњанов посочи дека долго време работи на раскажување приказни преку фотографија.

На почетокот имав трема, првото фотографирање со Христијан, не знаев како да му пристапам, што да направам. Како да постапам, пристапам, што ќе ни биде оваа фотосесија. Се сретнавме, тој самиот почна да позира, да ги покажува медалите. Веднаш се поврзавме, па со Ива, па Александар, па Никола… Секое фотографирање беше посебно искуство, посебна приказна. Го опишуваме како патување, поминавме низ цела земја, но постои и едно фигуративно патување, до нов како личности. Тоа што како фотограф успеав да го увидам дека сите тие сакаат внимание. Ретко кога имам забележано поискрена насмевка, рече Огњанов.

Според Кристин Форсгрен Бенгсон, амбасадорката на Кралството Шведска во нашата земја децата не се раѓаат со предрасуди, тоа е клучно во односот кон луѓето со посебни потреби.

Ние во амбасдата сме среќни што го поддржуваме проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ на театарот „Глада Худик“, поддржан од Шведскиот институт. Сакаме да ги охрабриме сите да станат и да застанат зад нивните права. Од фотографиите забележав, заедничко за сите се насмевките, тоа ме стоплува. Се надевам дека филмот „Модна ревија: Од Глада Худик до Њуорк“ нема да ве остави рамнодушни и ќе ги запамтите зборовите на една од актерките: „Ние сме единствени и имaмe право да блеснеме, рече амабасадорката.

Модератор на настанот беше Александра Јуруковска, која истакна дека тимот на „Литера“ е горд што театарот „Глада Худик“ во Фестивалот за литетура и илустрација за деца го препозна вистинскиот партнер за да ја рапири својата мисија во Македонија.

Почнуваме во Скопје и не завршуваме тука. Посакуваме мисијата на „И јас сум тука“ да продолжува и понатаму, истакна таа.

Вечерва во 19 часот во Кинотеката ќе биде книгата со приказни и фотографии на 20 лица со интелектуална попреченост – „И јас сум тука“. Исто така ќе следува и промоција на македонскиот превод на книгата со цитати од актерите на „Глада Худик“ – „Никогаш не престанувајте да се гушкате“.

Делата ќе ги промовира Александра Јуруковска, ќе зборуваат авторите, а гостинка на промоцијата е и Ануки Стуруа, проект менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди“.

По промоцијата ќе следува проекција на филмот „Модна ревија: Глада Худик до Њујорк“ на режисерот Јохан Ског, во кој играат актерите од театарот „Глада Худик“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.