Во рамките на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој почнува вечерва и ќе трае до 24 септември премиерно ќе бидат прикажани седум филма кои се поддржани од Агенцијата за филм. Филмовите се во категоризација на мнозински копродукции и филмови со македонско малцинско учество.
Македонскиот филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ ќе го отвори Синедејс вечерва, на 18 септември, со почеток во 20:30 во Градскиот Парк, а македонската премиера на филмот „Хомо“ на Игор Иванов Изи е закажана за затворањето на „Синедејс“ на 24 септември со почеток во 20 на локација кровот на ГТЦ.
Останати филмови кои ќе имаат премиери а има македонско малцинско учество: „Сирена во Париз“ во режија на Матијаз Малзиу (Франција) ќе се одржи на локација Парк Ибни Пајко на 19 септември со почеток во 21 часот, „Летечкиот циркус“ во режија на Фатос Бериша (Косово) ќе биде прикажан на локација Парк Ибни Пајко на 20 септември со почеток во 20 часот, „Моето езеро“ во режија на Ѓерг Џувани (Албанија) ќе биде прикажан на локација Парк Ибни Пајко на 21септември со почеток во 20 часот, „Малмкрог“ во режија на Кристи Пуиу (Романија) ќе се одржи на локација Парк Ибни Пајко на 21 септември со почеток во 20 часот, „18% сиво“ во режија на Виктор Чучков (Бугарија) ќе биде прикажан на локација МКЦ парк на 22 септември почеток во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.