Седмата меѓународна конференција „Запознај, види направи!“ (Meet, See, Do) на Балканската музејска мрежа ќе се одржи на 29 и 30 септември во НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Во два работни дена и 14 сесии, 50 професионалци од земјава и од Велика Британија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Грција, Косово и Бугарија ќе дискутираат на тема За што се музеите? Назад кон основите!

Конференцијата е во организација на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и Балканската музејска мрежа, една од најважните регионални платформи којашто  ги обединува музеите и професионалците кои работат во заштитата на културното наследство од балканскиот регион.

Свеченото отворање на конференцијата е на 29 септември (среда) со почеток во 10.30. Конференцијата се реализира со поддршка на Министерството за култура како дел од Годишната програма, и со помош од Градот Скопје.

Запознај, види направи! ќе се одвива со почитување на тековните ковид протоколи, а поради ограничениот број на учесници, ќе биде емитувана и во живо преку каналите на Музејот на македонската борба за самостојност на јутјуб и на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.