По прикажувањето на „Пред дождот“ и „Мајки“, вечерва на МТВ во 22 часот ќе биде емитуван филмот „Сенки“ на најнаградуваниот македонски филмски режисер Милчо Манчевски. В недела, на 22 март ќе биде прикажан филмот „Бикини Мун“.

Манчевски преку Фејсбук го најави својот придонес и поддршка на вонредните мерки против ширењето на коронавирусот.

#Седидома со Милчо, порача режисерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.