Активистката Грета Тунберг ќе биде протагонистка на новиот документарен филм кој го снима екипа која ја следи уште од првиот ден на протестот и училишниот штрајк во 2018 година.

Тогаш Грета одбиваше да оди во училиште се до парламентарните избори, а како главна причина таа ги наведе незапамтените тобли бранови и пожари во текот на најтоплото лето во последните 262 години.

Филмот ќе се вика „Грета“, а премиерата е закажана за 2020 година. Режисер е Најтан Госман, кој ја следи Швеѓанката од првиот училиштен штрајк па се до крстарењето по море со јахтата вредна четири милиони долари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.