Познатиот српски актер, продуцент и водител Никола Ѓуричко вечерва, 15 ноември во Домот на АРМ ќе настапи со своето стенд ап шоу „Сè што сте сакале да знаете за Џони, а не сте смееле да го прашате“. Следниот ден, на 16 ноември, гостува во Штип.
Кога наполнив 40 години една од роденденските одлуки ми беше да направам свое стенд ап шоу. Многумина од пријателите ме советуваа тоа да го сторам. Се надевам дека не беа само љубезни. На деветти јули наполнив 43 години. Што се случи и зошто ми беа потребни три години? Можеби животот ме прегази? Знам само дека материјалот цело време ми беше подготвен. Но, признавам, дека малку бев уплашен. Но, како и да е, јас настапувам, вели Ѓуричко во најавата за шоуто.
Стенд ап шоуто на Ѓуричко веќе две години успешно се прикажува во регионот.
Малку му е срам да наговарам некого да дојде и да ме гледа. Имав повеќе од 90 настапи ширум просторите на поранешна Југославија и сега првпат со шоуто доаѓам во Македонија. Се надевам дека тие 90 претстави се доволна препорака. Имам впечаток дека секогаш сум сум бил добредојден каде и да сум гостувал, па и во Македонија се надевам на сличен таков прием, изјави во интервју за „Република“ Ѓуричко.
Ѓуричко (45) е актер, музичар и телевизиски водител кого јавноста го препознава по улогите во филмовите „Ќе се вратат штрковите“, „Зона Замфиова“, „Ивкова слава“ „До коска“, како и во многу популалрните тв-серии „Монтевидео, бог те видео“, „На пат за Монтевидео“, „Монтевидео, се гледаме“, како и филмот „Монтевидео, се гледаме“. Глумеше и во серијата на својот колега Драган Бјелоглиќ „Сенки над Балканот“, како и во дебитантскиот филм на Светозар Ристовски, „Илузија“, македонски филм во австриска копродукција од 2004 година со Мустафа Надаревиќ, Владо Јовановски, Дејан Аќимовиќ и Марко Ковачевиќ. Беше дел од актерската екипа филмот „Во земјата на крв и мед“ кој го режираше холивудската актерка Анџелина Џоли.
Гостувањето на Ѓуричко во Скопје и во Штип е во организација на КМК продукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.