Фотографиите од разорената скопска чаршија ја разбрануваа јавноста и реакциите на социјалните мрежи не запираат.

Што вели Законот за прогласување на старата скопска чаршија на културно наследство од особено значење??? Да се изјаснат: Управа за заштита на културното наследство , НУ Конзерваторски центар – Скопје (како надзор на овој проект) Општина Чаир (корисник на проектот) и претставниците од проектот преку кој се спроведува оваа активност LRCP ( local & regional competitiveness project), напиша на фејсбук Дафина Џепароска.


Во друг напис таа го цитира Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење.

ЗАКОН ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ
Службен весник на РМ, бр.130/ 15.10.2008
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Старата скопска чаршија, која претставува споменичка целина, се прогласува за
културно наследство од особено значење, поткатегорија – големо значење.
Со прогласувањето на споменичката целина Старата скопска чаршија за културно
наследство од особено значење се овозможува:
– трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските,
урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и другите научни и
културни вредности, како и автентичноста, единственоста, разновидноста,
интегралноста, староста и други својства, содржини и функции,
– создавање на поволни услови за опстанок и задржување на интегритетот на
сите податоци што ги носи во себе како сведоштво; ….



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.