Се распаѓа еден од највредните иконостаси во Македонија, стар 174 години, во црквата Свето Благовештение во Прилеp.  Според експертите тој е трет по вредност во Македонија после оној во Бигорскиот манастир и црквата Свети Спас во Скопје, а го изработила тајфата на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката, објави „Сител“.

Оваа катастрофална состојба е со децении. Носечките столбови на иконостасот се испукани и изедени од црвојадина. Дел од помалите икони кои се на него се тотално уништени, а уникатните резби секој ден стануваат се пооштетени од забот на времето. Свештениците велат дека постои опасност ова непроценливо културно наследство да се урне во секој момент.

Иконостасот може и да падне, не дај Боже ќе изгубиме нешто непроценлииво, а ќе изгубиме и човечки животи, ако пак велам не дај Боже дојде до тоа. Треба што поскоро да се превземе нешто. Постојано се интервениира до Музејот и сега се останува до нив. Некои луѓе мислат дека е до нас како црква но не е, ние би вложиле би го направиле, но не смееме тој е под заштита на државата, рече протоереј Илчо Смилески, старешина на црквата „Свето Благовештение“.

Митрополитот Петар денеска ја повика државата и Министертсвото за култура да интервенираат најитно што можат.

Знаеме ние дека се трошат пари за 300 други несоодветни работи во нашето општество, за разни измислени фестивали или незнам што, а за ова пак ќе повторам е жалосно што државата, општеството и нашата нација немаат слух, истакна Митрополитот Преспанско Пелагониски, Петар.

Подолг период веќе паѓaат цели делови од икостасот, а свештениците ги собираат и ги чуваат во посебна просторија со надеж дека тие еден ден повторно ќе бидат вратени на иконостасот со неговата конзервација.

Од Заводот и музеј Прилеп велат дека иако оваа година Министерството за култура повторно го одбило проектот за конзервација на иконостасот тие ќе најделе сили за да конечно започнат истражувачки работи и проект за заштита на ова непроценливо културно наследство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.