Се распаѓа Билазора, престолнината со која владееле Пајонците во 5. и 4. век пред новата ера. Излупен е фрескоживописот со црвена боја на владетелската палата, камените блокови од ѕидовите се сосема изронети, заштитните најлони заковани врз заштитните дрвени конструкции се одамна однесени, објави „Умно.мк“.
Археолошкиот локалитет Градиште се наоѓа до селото Кнежје, оддалечен е 5 километри од Свети Николе. До него се стига преку асфалтиран пат кој ве води до влезот каде ве пречекува голема железна врата со катанец и табла: „Антички град Билазора, споменик на културата заштитен со закон“. Лево, огромна дупка во оградата преку која непречено влегувате во светот на Пајонците. Објектите на кои археолозите интензивно работеа до пред неколку години денес се обраснати со трева. Три огромни питоси – керамички садови кои служеле за чување на жито, останале вкопани во земја, но грлата се надвор. Се забележуваат откршени делови, оштетувања од неодамна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.