На 14 и на 15 декември година во Скопје ќе се одржи првата македонска детска магионичарско – театарска претстава „Како Хокус го пронајде Покус”. Претставата ќе се одигра во Младински културен центар (МКЦ) во кино „Фросина“.
Главните актери во претставата се Георги Гавровски познат уште и како Гого Реквием и Мартин Јорданоски, актер во Театарот за деца и младинци (ТДМ).
Инаку, Гого Реквием е професионален магионичар и претседател на НМАМ.
Тој најавува спектакл и гарантира многу забава, илузија, интеракција и едукација. Идејата за приказната на претставата како и сценариото се на Гого Реквием, а истоимената книга е во подготовка. Режијата и продукцијата е на Гого Реквием со асистенција на Јорданоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.