Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Венко Филипче и Дамјан Манчевски, како и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска во „Паркот на франкoфонијата“ одржаа работен состанок со претставници од Здружението на културни работници, со кои разговараа за предлог-протоколот за организација на јавни настани, вклучувајќи ги и поголемите културно-забавни манифестации, во услови на епидемија на коронавирусот.
На културните работници им било посочено дека Владата ќе ја разгледа оваа иницијатива и ќе постапи во согласност со мислењата и препораките што ги дава Комисијата за заразни болести.
Претпладнево одржавме работен состанок со претставниците од Здружението на културни работници, каде разговаравме за предлог протоколот за организација на јавни настани во време на коронавирус. Им порачав дека ќе ја разгледаме оваа иницијатива и ќе постапиме согласно мислењата и препораките кои ги дава Комисијата за заразни болести. Да ги почитуваме препораките на здравствените власти и заеднички да го надминеме овој непредвидлив вирус, објави Филипче на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.