Вечерва, 5 февруари во 19 часот свечено ќе биде отворена новата книжарница „Литература.мк“ во ТЦ „Буњаковец“. Продажниот простор на „Литература.мк“ е лоциран на приземјето, од страната на булеварот „Партизански одреди“ (наспроти Архитектонско-градежниот факултет ).

Книжарницата е уредена според најновите трендови за продажба на книги, а во фокусот е портретот на легендарниот архитект Ле Корбизје.

Ова е седма книжарница на „Литература.мк“, по веќе препознатливите продажни места на улицата „Македонија“, во „Скопје сити мол“, ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“ и Градски трговски центар (ГТЦ) во Скопје и на „Широк Сокак“ во Битола.

Со новото продажно место „Литература.мк“ ќе продолжи да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за целото семејство. Во понудата се познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Ќе биде застапен голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици.

На денот на отворањето за секоја сметка повисока од 500 денари следува подарок книга, а ќе има и слатки изненадувања за сите посетители. Продажниот простор на „Литература.мк“ работи согласно работното време на ТЦ „Буњаковец“, од понеделник до сабота од 9 до 21 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.