Kaко и минатата година, така и оваа, скандалозни одлуки може да се прочитаат во резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области кои вчера ви објави Министерството за култура.
Ова се само дел од најголемите средства кои комисијата на министерството одлучила да ги додели на поединци или организации.
Тетовскиот универзитет добива милион денари за организирање на Меѓуароден семинар на Албанологија. За споредба, ист износ е одвоен и за семинарот 53. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Ова не се единствените пари кои државата ќе му ги исплати на Универзитетот, а меѓу неколкуте проекти е и проектот „Негување на соживотот преку почитување на идентитетот на другиот“.
„Еднаквоста“ помеѓу средствата одвоени за програмата во одделот Литература и издавачка дејност се гледа и во милионот доделен за поетскиот фестивал „Дитет е Наимит“ во споредба со 380 илјади за 57. издание на Рациновите средби.
Во делот на Музичката и музичко сценската дејност, пак, се доделени и најголемите суми. Пример, КУД Алегрето со 50 илјади евра ќе вложува во Албанската сериозна музика, а два милиони денари, пак, се издвоени за „Нота фест“.
Во Битола ќе се одржува фестивалот „Глас на албанската азбука“ кој доби 250 илјади денари.
Во Македонија од годинава за првпат ќе се организира и албански фестивал на изворен фолклор „Shkumbini“, за што Министерството одвои 200 илјади денари.
Се водедува и друга традиција во Скопје – јадење баклава за честит празник.
Министерството годинава одвои пари и за организација по име „Илирида” и тоа за два проекта.
Според Министерството за култура сите пристигнати пријави внимателно беа разгледувани од стручните комисии, составени од реномирани професионалци од соодветните дејности, кои при селекцијата на пријавите особено внимавале да овозможат правична, квалитетна и соодветна распределба на буџетските средства.
Целосната програма погледнете ја тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.