Сашо Тасевски откако беше одбиен да настапи во прилепскиот театар, на 29-ти и 30-ти март настапува во Дом на АРМ во Скопје, каде со стенд ап комедијата „Северно од Македонија“ ќе даде свое видување, засновано на неговата перцепција на актуелните случувања во нашето општество. Во интервју за точка.мк, Тасевски на прашањето дали сме созреани за хумор и дали сме подготвени да се менуваме, вели:
Ние сме инфантилно опшество. Што да кажеш за луѓето кои чекаат партијата да ги направи човеци, освен дека се незрели. А такви сме сите. Партиите се алфа и омега. Твој родител, работодавач, месија, судија или џелат. Сите сме под нивна контрола. Во тоа е психопатологијата на нашето општество. И нормално ко ќе ги чепнеш партиите, провоцираш жестока реакција од нивните апологети. Кога ги напаѓаш оние од другата партија ти си куууул, добар дечко, можеме и да се посмееме, ама кога ќе ги нападнеш нив, не си повеќе смешен, стануваш нивна легитимна мета за отстрел. Тоа говори дека сме подготвени да се менуваме… на полошо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.