Холивудската ѕвезда Сара Џесика Паркер ги блокираше коментарите на постот на социјалната мрежа Инстаграм каде што имаше само пофални зборови за македонскиот документарен филм „Медена земја“.
Во постот ѕвездата на тв-серијата „Сексот и градот“ напиша дека филмот доаѓа од Република Македонија, што предизвика лавина од коментари дека земјата повеќе не се вика така и дека сега името ѝ е Република Македонија.
„Медена земја“ е неверојатна , визуелено зачудувачка, епска, а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам! Филмот сосема оправдано ги заслужи сите награди кои ги доби. Им честитам на режисерите Стефаноов и Котевска и им благодарам што ни дозволија да патуваме со вас во малечкото селце во Република Македонија“! Секаде би ве следела!, напиша актерката.
Откако го тргна Република Македонија од постот, Џесика-Паркер напиша дека не зазема политичка страна и дека била само недоволно информирана и дека нејзината поента со постот била филмот да стигне до што поголема публика.
„Имаше многу дискусии за постот. Поголем дел од нив за името на државата и за она што успеав да го исчепкам од сите интервјуа и оцени што ги прочитав за овој извонреден филм. Поентата ми беше да насочам што повеќе публика за оваа приказна и исклучителен документарен филм. Не заземам политичка страна“, пишува актерката.
Документарецот „Медена земја“ на Стефанов и на Котевска е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.