Утре, вторник, 23 јуни, со почеток од 20 часот во Галерија МКЦ ќе се отвори изложбата „Натура“ на Тамара Забазноска.

Мерките за претпазливост се строго почитувани, велат од МКЦ.

Со „Натура“ доаѓа љубопитноста, поривот да се истражат и откријат местата каде што човекот се среќава преку природата со себе. И додека ги користиме сетилата за да изразиме делови од нас што се скриени, така може да користиме и различни елементи за да го направиме видлив оној дел од природниот невидлив свет, вели уметницата Забазноска.

„Натура“ е синтеза помеѓу универзалното и микроскопското, силите што ги брануваат длабочините на човечкото битие и природата, која крие тајни и нуди одговори. Можеме да ги примениме нејзините тајни и да ги прочитаме одговорите преку нови откритија како основа за нашата иднина.

Тамара Забазноска е интердисциплинарен уметник и архитект. Родена во Скопје, 1987 година, а досега учестувала на повеќе заеднички изложби, а имала и неколку самостојни. Добитник е на повеќе награди меѓу кои и наградата на Град Скопје „13 Ноември“ и таа на Друштвото на ликовни уметници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.