Во сабота, 16 февруари со почеток во 20.00ч. во Македонската опера и балет ќе се изведе романтичарската опера „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах, во која поетот Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта.
Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни, напишани од страна Е.Т.А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер и Мишел Кери претходно имале реализирано претстава „Хофманови приказни“, која била продуцирана во театарот „Одеон“ во Париз во 1851 година и која Офенбах ја имал гледано.
Приказните на Хофман се карактеризираат со нијанси на емоции проследени со алегориски фигури: љубов, добро и зло. Разочаран и исцрпен, Хофман се буди како од кошмар да сознае дека вистинската убавина и вистинската љубов се наоѓаат во нас…
„Хофманови приказни“, која самата по себе плени со прекрасна музика, ги следи доживувањата на боемот Хофман, но плени и со впечатлив наративен спој на настани од реалноста завиени во научно-фантастичен контекст.
Диригент – Андреа Черта (Италија), режисер – Урсула Хорнер (Австрија), сценограф – Марија Ветероска, костимограф – Марија Пупучевска, кореографи се Урсула Хорнер и Олга Панго.
Во операта настапува бројна солистичка екипа:
- Хофман: Рафаел Алварез (Мексико)
- Никлаус: Николина Јаневска
- Олимпија: Наде Талевска
- Џулиета: Марија Наумовска
- Антонија: Дашира Ахмети – Крлиу
- Линдорф, Дапертуто: Андреа Ѕаупа (Италија)
- Копелиус, Д-р. Миракл: Ернес Ибраимовски
- Андрес: Дејан Стоев
- Кошенил: Јане Дунимаглоски
- Питикиначо: Дејан Стоев
- Франц: Јане Дунимаглоски
- Лутер: Диме Петров
- Спаланцани: Зоран Данилов
- Креспел: Владимир Саздовски
- Глас: Катерина Бошковска
- Шлемил: Невен Силјановски
- Учествува хорот и оркестарот при МОБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.