Краткиот роман „Куклата“ со поднаслов „Портрет на мајка ми“ на Исмаил Кадаре, најистакнатиот албански и еден од врвните европски писатели, е преведен на македонски јазик. Најновото романескно дело со автобиографска содржина го преведе Алида Муча.
Во романот објавен во 2015 година, Кадаре се навраќа кон родниот град Ѓирокастро и кон три века старата семејна куќа, со необични ликови и со мноштво недоречени нешта. Во таа атмосфера Кадаре го разоткрива личниот однос кон мајака си Хатиџе Доби-Кадаре, жената која никогаш не успева докрај да ја разбере. Во тој внатрешен простор на недоикажаностите функционира психолошката напрегнатост на авторовиот сказ во овој особен роман. Авторот мајка си ја доживува како замолчана, кревка кукла од хартија. Оттука и насловот на неговиот, посебно значаен интимистички роман, соопшти „Арс Ламина“ за новото дело на Кадаре, кое е меѓу бројните романи посветени на темата мајка и досега преведен на француски, италијански, шпански, хрватски и на романски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.