Романо Проди вечерва прошета низ охридската чаршија. Тој во Охрид ја прими Светската награда за хуманизам која му ја додели Охридската академија на хуманизмот во куќата на Уранија, во која е донесена одлуката за создавање на МАНУ.

-Имавме време за разглед на локалитетите Плаошник. Античкиот театар и Св. Софија вели за Публицитет.мк познатиот туристички водич од Охрид Татјана Момироска – Лилиќ.

фото: Публицитет.мк

Проди бил воодушевен од виденото и нашата богата историја и минато, истовремено го виде Охрид во еден неповторлив зимски амбиент.

Професорот Проди е тринаесеттиот добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александар Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.