Во Алејата на книгата во Софија на 10 септември (19 часот), ќе бидат промовирани два романа на Горјан Петревски, познатиот македонски писател кој пишува за деца. На настанот на кој ќе присуствува и авторот, ќе бидат претставени бугарските изданија на неговите најуспешни романи – „Марта“ (во издание на „Изида“ и во превод на Маријан Петров) и „Сама“ (во издание на „Книги за сите“).
Овие две книги се влезени и во програмата на средношколците во Македонија. Книгите на Петрески се издавани многукратно, а „Марта“ досега има 21 издание. Со тоа овој роман е еден од најпродаваните во земјата, допадлив за младите и за повозрасните читатели.
Инаку, Петревски е писател кој добро знае како да ги одгатне тајните на тинејџерите и како да разкаже за нивните кревки чувства, како и да ја врати младоста кај оние кои веќе припаѓаат кон светот на возрасните. Со неговите романи „Марта“ и „Сама“ се израснати неколку поколенија македонски читатели. Неговите романи се интересни и возбудливи се, па така читателот во различни моменти од животот може да им се наврати и повторно да ги препрочитува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.