Фотографот Роберт Јанкулоски посвети 6 години во истражување и дигитализација на творештвото на браќата Манаки. Тој раководи со единствената приватна установа која се грижи за фотографското културно наследство во земјава и годинава проектите на оваа установа добија минимални сретства при распределбата на сретсвата од Министерството за култура.
Две децении Македонски центар за фотографија, единствена приватна установа (државна не постои) која се грижи за фотографското културно наследство.
Јубилејниот проект “Фотографија 20:20” поддржан со 6.8 % од бараните средства.
Проектот вклучува: 20 анимирани видеа од 20 стари фотографи (вкупно 80 минути), тродневен меѓународен симпозиум, 20 презентации низ Македонија, 2 работилници за црнобела фотографија, 1000 ДВД, изложба со 50 пигментни фотографии на архивска хартија и коктел.
Како експертите од култура размислуваат ова да го реализираме со 6.8% или 200 000 денари?????Ви благодариме.
Културата не е повеќе заробена, ја закопавме, напиша на својот фејсбук профил Јанкуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.