Во тек се активностите од реализацијата на Проектот за поставување на потпорен ѕид од северната страна на објектот „Римска бања“ на локалитетот Плаошник во Охрид, соопштија од Завод и Музеј Охрид.
Изградбата на потпорниот ѕид е неопходна за да се спречи свлекување на земјиштето кое може да предизвика големи штети на римска бања со мозаични подови која датира од I век од н.е. По изградбата на ѕидот ќе се обезбедат и соодветни услови за извршување на конзервација и реставрација на архитектурата и на мозаиците од бањата. Реализацијата на овој Проект кој го раководи д.и.а. Анита Танеска, виш конзерватор од НУ Завод и Музеј – Охрид, треба да заврши до средината на месец декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.