Директорката на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и селектор на Докментарната програма, Гена Теодосиевска на денешната прес конференција ги претстави режисерот Арто Халонен и Јонас Пулканен, кинематографер на документарниот филм „Назад кон светлина“. Филмот раскажува приказна за трговија со луѓе, пренесена преку Мариса, девојка која аплицира во адвокатска канцеларија за работа, а одеднаш завршува во Тунис. Едно потресно сведоштво за искуството на девојката киднапирана од човек кој тоа го сторил повеќе од десет пати во Финска и ги носел девојките во Тунис каде ги претворал во сексуални робинки.
Дел од филмот ја прикажува терапијата на Мариса која преку сликање си помогна да се врати во нормалниот живот. Таа користеше одредени бои за да ги прикаже чувствата, а јас подоцна ги користев истите бои како структура во филмот. Боите неа и помагаа бидејќи сите моменти се врзани со некоја одредена боја, а ние со директорот на фотографија создававме колор структура врз основа на нејзината терапија со бои, откри Халонен.
Арто Халонен сакал фиктивни моменти во филмот и тогаш не може да се процени дали актерката е вистинската протагонистка или не. Има битна сублимација на двете личности.
Имавме една гледна точка во цел филм. Камерата ја претставува гледната точка на Мариса. Користевме посебен објектив за да добиеме замаглен ефект, „антишарп“ ефект. Што се однесува до приказната кога почнав да работам бев шокиран и се прашував дали ова е вистина, рече кинематограферот Пулканен.
Од програмата „Европски перспективи“, селекторот Слаѓан Пенев ја претстави екипата од филмот „Отворена врата“: Севдије Кастрати, Влатко Стојчевски и Феми Даут. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Албанија, Косово и Италија и го прикажува животот во традиционалното општество во овој регион, кој се’ уште живее со навики кои не им даваат глас на жените, но сега тоа се менува.
Аплициравме три пати во Македонската агенција за филм и три пати бевме одбиени за финансиска поддршка, но албанскиот продуцент имаше потреба од земја која ќе биде достапна преку „Еуроимаж“, бидејќи Косово не можеше да аплицира, па ме замоли ако може да се приклучам. Оттаму ја добивме поддршката за реализација на филмот, помогнавме да се обезбеди финансирањето, а дел од буџетот кој го добивме го искористивме за да ги поддржиме македонските соработници Феми Даут, Висар Вишка и звукот беше изработен од македонски соработници на Игор Поповски и Ален Пејовски изработи музичко парче за крајот на филмот. Досега сме работеле копродукција со Хрватска-еден музички документарец кој наскоро ќе биде прикажан, раскажа Стојчевски, кој е продуцент на филмот.
Феми Даут се задржа на искуството од снимањето на филмот „Отворена врата“.
Во филмот има многу кадри снимени во автомобил, на фрекфентни улици, имаше интересни случки со малото дете кое глуми во филмот, па честопати имаше и незгоди, но целата екипа беше како едно големо семејство, рече Даут.
Кинематографер на филмот е Севдије Кастрати, која веќе 10 години живее во Лос Анџелес. Таа втор пат е на ИФФК „Браќа Манаки“, минатата година учествуваше со косовскиот филм „Брак“ и рече дека „местото на кое е сниман филмот-на брегот на Охридското езеро од албанската страна е многу убав, прекрасен предел, каде не би требало да се случуваат лоши работи, но реалноста е поинаква“.
Контрастот во филмот е дека во преубавото крајбрежно место нема млади луѓе, само стари. Сите се отселите во потрага по работа, не може да бидете самохрана мајка, мора да имате сопруг за да родите дете… Контрастот се потигна со боите на почетокот на филмот кои се темни, а потоа со доаѓањето на сестрата која е облечена во светли бои доаѓа светлината и „новото“, и тоа ја прави промената кај главната актерка. Лоши нешта е случуваат во прекрасни места и за тоа зборува овој филм, раскажа Кастрати.
Претставник на фимот „Додека паѓам“ беше кинематограферот Ивар Таим, кој истакна дека „иако досега сме виделе многу филмови кои говорат за зависност од дрога“ овој филм, за него, бил посебен.
Статистички кога зборуваме за зависници мислиме на наркоманите кои лежат во темни места. И тоа се 5%, но 95% се луѓе кои функционираат и одат на работа. А во Норвешка има најмногу случаи на предозираност од хероин во Европа. Тоа е лична приказна на режисерот кој поминал период на зависност и сакаше да ја сподели и да покаже дека може да се помогне додека не сте преминале на инјектирање хероин, рече Таим.
Марија Апчевска, ја претстави кинематограферката Констанца Сандовал, која пристигна на фестивалот од Аргентина, а која работела на краткиот филм „Чудовишен господ“.
Ова трета соработка со Августина, режисерката на филмот „Чудовишен господ“. Филмот се доближува до интимни теми, како загуба, помагање…Тој е истражување на значењето на Бог, но снимен на посебен начин. Покажавме чудна атмосфера на фимот и уживавме во тоа, истражувавме во аглите на снимање, длабочината итн., рече Сандовал.
До крајот на денот ќе бидат прикажани: „За сама“, „Керол“, во чест на Едвард Лакман, потоа „Вера“, „Свиркачите“, „Новиот живот“, „Бел, бел ден“, „Куќата на Ага“, „Тетовирање“, „Состаноци на слепо“, како и филмовите од програмата „Мак поинт“ и Студентската програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.