Европски колекционер на аукцијата „Кристи“ во Париз купи копија од славната „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи од 17 век за 2,9 милиони евра, што е рекордна сума платена за репродукција на едно дело.
Сликата позната како „Мона Лиза на Хекинг“ е именувана по еден колекционер, кој ја купил копијата во 1950-тите години и оттогаш безуспешно тврди дека станува збор за оригинал, а дека онаа што се чува во музејот „Лувр“ во Париз е всушност е една од многуте репродукции.
– Ова е лудило, копија на „Мона Лиза“ е продадена за апсолутно рекордна сума – рече портпаролката на „Кристи“.
Дури 14 понудувачи учествуваа на меѓународната аукција и во последниот час понудите се зголемија од 500.000 на 2,4 милиони евра, пред да падне последната понуда од 2,9 милиони евра.
Оригиналната верзија на сликата се наоѓа во „Лувр“ и не се продава.
Во 2017 година, на аукција во куќата на „Кристи“ во Њујорк, сликата на Да Винчи „Спасителот на светот“ (Салватор мунди) беше продадена за 450 милиони долари. Нејзината продажба го сруши рекордот на аукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.