Со засадување дрво чинар, кратки читања, музика, проекции на слики и видеа, на 27 април во Дебар Маало ќе се чествуваат ликот и делото на драматургот Горан Стефановски, а во организација на Општина Центар. Во малиот парк ќе биде поставена и клупа со скулптура на Стефановски.
Минатиот месец, на 23 март, во преполната Кентербериска катедрала, Кентербериското хорско друштво со Англискиот камерен оркестар го изведе Моцартовиот „Реквием“ во спомен на Горан Стефановски.
На 29 март, пак, од другата страна на Ламанш, во Париз, се одржа читање на „Диво месо“ од Горан Стефановски на француски, во превод на Марија Бежановска и во режија на Доминик Долмие, во рамките на деветтото издание на фестивалот ’l’Europe des theatres во Maison d’Europe et d’Orient на улицата Шарентон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.