Нора Шаќири не е повеќе директор на Театар Комедија. Во очекување на официјална информација, се обидовме да контактираме со Шаќири, но не одговори на телефонските повици.

Во изминатиов период имаше информации дека вонредна инспекциска контрола влегла во Театар Комедија по пријава дека директорката Нора Шаќири-Марковиќ вршела мобинг и психичко вознемирување врз вработените во театарот.

Тогаш таа за порталот „Локално“ изјави дека нема коментар за ситуацијата, па топката ја префрли кај колективот, со цел да се дознае дали им е вршен мобинг на вработените во театарот.

Не знам каде да ве упатам да се јавите. Во институцијата никој од вработените нема поднесено пријава против мене, така што не знам што да ви кажам – изјави Шаќири за Локално.

Нора Шаќири-Марковиќ беше именувана за в.д. директор на Театар „Комедија“ откако Министерството за култура го разреши Сашо Ристовски од оваа функција поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за
култура. При надзорот беше утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734.486,00 денари, без притоа да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл. 70 а, став 4 од Законот за културата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.