Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва со почеток во 21 часот во Куршумли Ан ќе се одржи долго најавуваниот и очекуван концерт на популарното Васил Хаџиманов трио. Организаторот соопшти дека концертот е распродаден.

На сцената ќе се појават: Васил Хаџиманов – клавијатури, Мартин Ѓаконовски – контрабас и Алек Секуловски – тапани. На овој концерт триото ќе го промовира новиот албум „Melody Rhymes”, а воедно ќе се претстави и со композиции кои досега биле промовирани и снимени на претходните албуми.

Генерален покровител на „Скопско лето“ и годинава е Град Скопје, поддржувач е Министерството за култура на Република Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.