Министерството за култура ги распиша годишните конкурси за пректи од национален интерес во културата откако ги утврди условите, приоритетите и критериумите. Со овие конкурси се поддржуваат проекти кои се во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата.

Воведуваме евалуациска матрица која е различна во секоја пријава и истата е усогласена со спецификите на секоја дејност. Тоа значи дека евалуациската матрица, односно на начинот на бодување ќе варира во зависност од дејноста. Јасно утврдените приоритети, евалуациската матрица, како и општите услови на конкурсот се основните столбови коишто ќе им помогнат како на апликантите, така и на евалуаторите т.е. членовите на стручните комисии“, истакна министерката за култура Ирена Стефоска.

Таа додаде дека во секоја област од конкурсот апликантите во нивните проекти треба да посветат внимание и на еднаквата родова застапеност, инклузија на лицата со попреченост и на интеркултурниот дијалог.

Стефоска нагласи дека овие две суштински измени во конкурсите ги напрале следејќи ги и забелешките на Државниот завод за ревизија од нивниот Извештај од 2017 година, потоа препораките на ДКСК, а сето во врска со потребата од јасни критериуми за определување на висината на средствата на поддржаните проекти.

Новина во годинешниве конкурси е конкретизирање и прецизирање на приоритетите во соодветните дејности и области. Приоритет на Министерството годинава е поддршката на проекти од младите и за младите, како и заштита на културното наследство. Наша цел е да ги откриеме младите таленти и да ги поддржиме да го развијат својот креативен потенцијал. Втор врвен приоритет на Министерството е заштитата на културното наследство за кое што освен националните установи се грижат и локалните. Целта е подигање на свеста за неговото значење за сите нас. Поддршка на локалните установи заради унапредување на капацитетите, стандардите и пристапноста во заштитата на културното наследство на локално ниво“, наведе министерката.

Таа кажа дека како и секоја година, подршката на министерството во насока на заштита на материјалното и нематеријалното културно наследство, потоа поддршка на проекти во областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн, музичка, музичко-сценска дејност, фолклор, драмска дејност, литература и издавачка дејност, меѓународна соработка и интердисциплинарни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.