Распишан е конкурсот за државната награда „Мито ХаџиВасилев – Јасмин“. Конкурсот трае од 1 до 31 октомври 2019 година, објави Министерството за култура.

Конкурсот е објавен и на веб-страницата на Министерството за култура.

Со наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Конкурсот трае од 1 до 31 октомври.

Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.