Традиционалната културна манифестација со традиција Рацинови средби посветени на делото на големиот Коста Солев Рацин кои годинава на почетокот на јуни требаше да се одржат по 57-ми пат во неговиот роден Велес, ќе изостанат поради состојбата со Ковид-19. Има можност да се оджат на есен, но и тоа засега е неизвесно и ќе зависи од понатамошната состојба со вирусот, соопштија организаторите.
Од локалната власт, како што информира на последната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски, се размислува истите да се поместат во ноември/декември и да се поврзат со раѓањето на Коста Солев Рацин кое е во декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.