Со почитување на мерките и протоколите во време на COVID – 19, Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци најавува неколку настани кои се дел од традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен“.
Во четврток, на 29 октомври 2020, со почеток во 9.30 часот ќе оддржи Фолклорна работилница за за децата со посебни образовни потреби ОУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци. Работилницата ќе ја води етнокореологот Методи Глигоров.
Во понеделник, на 2 ноември 2020, со почеток од 18.30 часот, ќе се оддржи промоција на најновата книга поезија на познатата кавадаречка поетеса Цветанка Колева, насловена како “Ти, моја, безмилосна една!“. Книгата е издание на издавачката куќа „Или Или“ од Скопје.
Во петок, на 6 ноември 2020, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе има премиера на детската претстава “Малиот принц“ според текст на Антоан де Сент – Егзипери, а во адаптација и режија на Микица Илова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.