Колосеумот, симболот на Рим, е отворен по цели три месеци. На влезот им се мери температурата на посетителите, а влегуваат групи од по 14 лица. Објектот кој е еден од најголемите историски споменици во светот и една од најпознатите туристички атракции во Италија, беше затворен поради пандемијата на корона вирусот. Од последниот пат кога туристите го посетија ова место направени се одредени измени со цел да се спречи ширењето на епидемијата на Ковид-19.
Така, денес, пред да влезат во Колосеум, посетителите мораат да поминат низ термички скенери, каде што прво ќе се измери нивната температура. Исто така, неопходно е да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање, како и да се изврши дезинфекција.
Патеките се еднонасочни, а бројот на туристи е ограничен, со цел посетата на еден од најпознатите светски споменици да биде што е можно побезбедна.
Група на туристи се внесуваат на секои 15 минути, а во групите е дозволено да има најмногу 14 лица.
Пред избувнувањето на коронавирусот, древната римска гладијаторска арена обично ја посетувале 7,5 милиони луѓе годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.