Вечерва од 19 часот, на плоштадот Мајка Тереза (платото пред Националната опера и балет) ќе се одржи првото издание на Скопскиот градски фестивал (Skopje City Festival).
„Програмата на фестивалот е конципирана по урнек на градските музички фестивали во Европа и светот. Ова е еднодневен фестивал, со програма од различни музички жанрови и со учество на домашни уметници“, вели организаторот „Баги комуникации“.
Двајца оперски пејачи и двајца музичари ќе ја изведат музичката комедија „Телефонот“, во режија на австриската режисерка и кореографка Уши Хорнер. Етно групата „Баклава“ ќе го прослави јубилејот 15 години музичка кариера, а Биба Додева, пак, ќе има концертна промоција на својот најнов музички проект, албумот „Незаборавни“. Како солист ќе настапи пијанистот Бобан Мирковски, под диригентство на Љупчо Мирковски и во придружба на „Биг бенд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.