Мотото на фестивалот е STURM UND DRANG или БУРА и ПРОДОР инспириран од познатото германско револуционерно движење во областа на уметностите. Сите претстави и настани на овогодинешното издание на некаков начин се поврзани со мотото како идеја, како форма и како начин на иразување.
На првото издание ќе учествуваат над 50 учесници, гости, креатори. Фестивалот оваа година ќе прикаже вкупно 11 продукции поделени во 2 категории. Интернационална и студентска програма. Во интернационалната програма ќе видиме продукции од 5 држави: Италија (Колективо Синетико) со претстава на Франческа Пенини, Австрија (Мозартеум Универзитет) со претстава на Ебру Тартичи, Англија (Берт и Наси) со авторска претстава, Франција (Ла Бел Мениер) со претстава на Пјер Мениер и Словенија ( Словенско Младинско) со претстава на Драган Живадинов. Во студентската 6 продукции на универзитети по актерска игра од: Романија (Оддел за уметност, Краиова), Бугарија (НАТФИЗ), Словенија (Академија за театар, радио, филм и телевизија, Љубљана), Србија (Академија за уметности, Белград), Црна Гора (Факултет за драмски уметности-Цетиње) и Словачка (Академија за изведбени уметности, Братислава). Програмата НОВ БРАН ќе претстави уметници од нашата држава во 3 категории: поезија, музика и визуелни уметности. Авторите на делата работеа на тема ПРОДОР. Во придружната програма на фестивалот ќе има Универзитетска конференција на која младите ќе можат да се информираат за работата на 6 Универзитети за уметност на балканот со 7 универзитетски професори: Драган Варагич, Бранко Илич, Бранко Јордан, Дијана Павлачкова, Александар Маџуков, Елиф Искендер и Алина Мангра. Потоа ЕДНОМИНУТНА АКТЕРСКА ИГРА, настан на кој ќе се претстават 10 студенти со видеа на тема ПРОДОР и промоција на млади автори во продукција на Македонскиот центар на ИТИ. За време на фестивалот ќе бидат одржани 2 работилници и еден мастер клас на тема Алтернативен театар. Работилниците ќе бидат предводени од Моник Масиус, Зејнеп Нутку и Дамјана Черне. Фестивалот ќе почне со пред програма – прес конференции со 5 те интернационални театарски групи, водени од различни уметници како модератори, каде публиката ќе има можност да ги запознае сите театрски групи од интернационалната програма.
Интернационалното жири во состав: Лилиа Абаџиева – режисер, Сашо Димоски – автор и Бењамин Бајрамовиќ – актер, ќе додели 3 награди за најдобар актер/актерка, најдобар режисер и најдобра претства. Жири на студентската програма е почитуваниот актер од Босна и Херцеговина, Емир Хаџихафизбеговиќ кој ќе ја додели наградата за најдобра студентска претстава на фестивалот. Исто така и публиката ќе има можност да додели награда за најдобар НОВ БРАН артист со онлајн гласање во програмата НОВ БРАН.
Креатор на фестивалот е режисерката Теа Беговска.
Целосната програма и времето на одржување на сите настани можете да го видите на нашата веб страна: https://www.theatereuropeanalternatives.com/mk/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.