Во киното „Фросина“ денеска и утре ќе се одржи првото издание на „Скопје фрејмс“, меѓународен фестивал на краток филм. Фестивалот се стреми да инспирира, унапреди и овозможи поддршка за креирање кратки филмови, особено во време кога пандемијата има значително влијание врз филмската индустрија, како и за споделување и зајакнување на заедничката желба и аспирации за уживање во кратки филмови.

Репертоарот на фестивалот е пополнет со филмови од нашата земја, но исто така и од Србија, Романија, Англија, Словачка.

„Конструкт 42“ на Никола Ангелкоски, „Блек енд Фoлти“ на Марко Џамбазоски, „Литл уан“ на Ана Андонова, „Мистер ворлд“ на Јосип Трајкоски, „Дефлендс“ на Бруно Велјановски, „Бабуш“ на Владислав Гавриловски… се само дел од филмската програма.

Билетите се достапи само преку bileti.mkc.mk за цена од 100 денари.

Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.