Фестивалот N-H // LON го најавува своето прво издание и објавува конкурс за видео арт артисти.

Фестивалот на дигитални уметности N-H//LON оваа година ќе го има своето прво издание во Струга и има за цел пред македонската публика да ги афиримира современите форми на изразување и креирање уметност, како видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3D мапинг, мастер класови кои ке третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика како адекватен и актуелен израз на нашето време.

Технологијата и дигиталните медиуми како алатки на современиот уметник даваат простор за создавање на нова генерација автори кои творат во духот на модерното време.

Како хедлајнер на музичката програма е најавен берлинскиот ДЈ и продуцент Ancient Methods – Пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Еден од ретките продуценти во светот кои со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, се до класична, медитативна и психоделична музика.

Онлајн билетите за првиот фестивалски ден се пуштени во продажба преку продажната мрежа на mktickets.mk.

Фестивалот како партнер и подржувач на македонската независна сцена објавува отворен повик на кој ќе можат да се пријават домашни артисти кои работат видео арт, аудио-визуелни инсталации, кратки експериментални филмови и видео перформанси.  Со овој конкурс организаторите им даваат можност на авторите за промоција на своите дела на прв фестивал од ваков тип во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.