На социјалните мрежи на Младинскиот културен центар (МКЦ), вечерва (11 декември), со почеток од 21 часот ќе се одржи првиот концерт на новата и возбудлива електро/синтвејв сензација Искра во Скопје.

Бендот Искра е ново име на македонската музичка сцена. Станува збор за четворица млади момци кои исклучително умешно и креативно ја презентираат својата музика, секогаш проследена со извонредна анимација.

Веќе запишаа и едно EP за PMG Recordings насловено ACT01, а повеќе за нивниот музичко/визуелен сензибилитет можете да дознаете и на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.